Македонските кошаркарки против Романија и Естонија во претквалификациите за Евробаскетот 2029


Во седиштето на ФИБА во швајцарскиот град Мис вечерва со жрепка беше одреден составот на групите во претквалификациите за пласман на Европското првенство за кошаркарки во 2029 година.

Жрепката ја смести македонската репрезентација во групата Ц заедно со романија и Естонија.

Првопласираните селекции од трите групи и најдобрата второпласирана, ќе обезбедат пласман во наредната натпреварувачка фаза.

Претквалификации за Евробаскет 2029

ГРУПА А: Швајцарија, Исланд, Азербејџан, Ирска

ГРУПА Б: БиХ, Норвешка, Кипар

ГРУПА Ц: Македонија, Романија, Естонија.