Македонските кошаркари поразени од Литванија во евроквалификациите
Македонската кошаркарска репрезентација загуби вечерва од Литванија во Скопје со 67-82 и го запиша вториот пораз во третиот натпревар во рамки на групата Х во квалификациите за пласман на Европското првенство 2025.
Во отсуство на неколку клучни играчи кои поради обврски во Евролигата и повреди не можеа да му бидат на располагање на селекторот Александар Јончевски, македонската репрезентација беше немоќна да ѝ се спротивстави на Литванија и со вториот пораз во групата значително ги намали шансите за пласман на Евробаскетот.
Најефикасен во македонските редови беше Кристијан Николов со 18 поени.
Македонија в недела ѝ гостува на Литванија пред двата завршни евроквалификациски дуели, против Естонија на гостински и Полска на домашен терен во февруари идната година.