Македонските фудбалери ја пречекуваат Летонија


Фото: Независен

Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува настапите во Лигата на нации. Противник на „црвено-жолтите“ во 5. коло од четвртата група на Ц-сегментот е селекцијата на Летонија.

Голманот Столе Димитриевски посакува да одигра уште еден натпревар без примен гол.

– Сакам и по овој натпревар да останам со чиста мрежа. Кога нагласувам на прес-конференција дека сакам чиста мрежа, тоа ми носи среќа и се разбира дека тоа ми е целта и за овој меч, истакна Димитриевски.

Натпреварот се игра вечер од 20:45 часот на „Тодор Проески“ во Скопје.

По четири кола Македонија е лидер на табелата со 10 бодови, Ерменија и Летонија имаат по 4, Фарски Острови собраа 3 бода.