Македонските четврдооделенци под светскиот просек во способноста за читање
Уште еден разочарувачки резултат за македонското образование по лошите постигнувања во тестовите ПИСА и кастраофалниот екперимент со Кембриџ наставата.
Според последното истражување наречено Прогрес во меѓународната студија за читачка писменост (ПИРЛС) за оценување на постигањата на учениците во читањето во четврто одделение – важна преодна точка во нивниот развој како читатели, Македонија е е забележително под просечната точка од скалата. Таа просечна точка во 2021 според ова истражување што го спроведува Бостон колеџот на секои пет години е 500 поени, а Македонија има 442.
На врвот на листата е Сингапур со 587 поени, па Хонгконг, Русија Англија… Од регионов полош резултат од Македонија има само Косово со 421 поени, додека подобри од нашите четвртоодделенци се децата од Црна Гора, Србија, Албанија
Ова истражување се спроведува на секои пет години од 2001 година и ПИРЛС е признат како глобален стандард за проценка на трендовите во постигањата во читањето во четврто одделение. Во ова истражување доброволно учествуваа 43 земји.