Македонскиот велосипедист Талевски при врвот на „Трката низ Америка“


 Македонскиот велосипедист Игор Талевски има забележителен настап на трката, која во должина од 6.920 километри се вози од Западниот до Источниот брег на Соединетите Американски Држави, и пред завршните етапи е шестопласиран во конкуренција на 42 натпреварувачи.

Членот на велосипедскиот клуб „Шри Чинмој Маратон Тим“ од Скопје во моментов е во сојузната држава Кентаки со амбиции да го задржи високиот пласман пред завршните 1.482 километри на „Транс Америка рута 2021“.

Талевски (43) дневно минува во просек по 300 километри, а најстрмниот и највисок дел од трката, Карпестите Планини со над 3000 метри надморска височина, се веќе зад него.