Македонскиот е-купувач најмногу нарачува облека до 50 евра


Балканските онлајн купувачи се разликуваат од европските, па така Македонците и Црногорците многу помалку купуваат електронски производи за разлика од Европјаните, додека Албанците ги надминуваат. Црногорците предничат во нарачки на храна, а Македонците во облека. 

Секако, Балканците сакаат да плаќаат во кеш по достава на врата, а во европските земји не се ни нуди таква опција, односно тамошните онлајн купуваќи плаќаат со електроснки трансакции, појасни денеска претседателката на Асоцијацијата за е-трговија Нина Ангеловска Станков, пред почетокот на седмата регионална конференција која под мотото „E-commerce: Untangling Potential” се одржува во Скопје.

– Едни напредуваат побрзо од други, некои побавно. Србија, како најголем пазар, е со најголем потенцијал. Во Србија има 65 отсто потенцијални купувачи од интернет корисници, Македонија на второ место со 54 проценти . Генерална слика на македонскиот е0купувач, тој е сличен како балканскиот. Прилично е добро поврзан на интернет, меѓутоа интернетот во главно го користи за социјални медиуми, телефонирање, видео-повици. Најчесто прави нарачки до 50 евра, најчесто купува облека. Тоа го прави, значи сѐ уште не е навика, туку тоа го прави еднаш до два пати во три месеци и најчесто купува од домашни продавачи – рече Ангеловска пред конференцијата.

Таа појасни дека Албанците се разликуваат од европскиот купувач затоа што повеќе купуваат електроника преку интернет, а Црногорците нарачуваат храна повеќе од Европјаните, а Мадеонците и Албанците помалку.

Кога излегуваат податоците колку милиони евра биле потрошени преку интернет нарачки, тоа се однсеува на официјалните податоци од Народна банка, односно трансакции платени со картичкеа, но балканските луѓе, повеќе сакаат да платат во кеш, кога ќе им се донесе производот, за што нема податоци, колку пари се потрошени на тој начин.

Регионот, споредено со Европа, има најниско ниво на иматели на сметки, иматели на картички и најмалку плаќаат на тој начин. Кешот е сѐ уште доминантен платежен метод и тоа е еден од заплетканите проблеми за кои денеска ќе се разговара на конференцијата. Во развиените земји не се ни нуди опција плаќање со кеш.

– За ваквото однесување на балканските купувачи главна причина е довербата и тоа не само дали да се стави картичката, туку и дали ќе им стигне производот. Друга причина за купување производи до 50 евра е и недостатокот на дигитални вештини (малку се користат картички, малку се користи е-банкинг). Сѐ уште немаме навики за плаќање освен со кеш, особено кога се работи за онлајн купување – додава Ангеловска.

За оваа конференција изработена е анализа во која се анкетирале 40 компании од Западен Балкан за да се детектираат предизвиците, а најголемиот предизвик се покажало дека е доставата и тоа брзината на достава, флексибилноста доверливоста и недоволната професионалност на доставувачите коишто влијаат на крајното чувство на задоволство на купувачот. Доставата е еден главен предизвик, а што се однесува до приватните пошти имаат големо проширување, но и проблеми, па така потребно е да се применат понапредни, поиновативни практики

Под мотото „E-commerce: Untangling Potential”, денеска во Националната опера и балет во Скопје ќе се одржи седмото издание на Конференцијата за е-трговија.

Еминентни експерти од големите светски брендови ТикТок, Опен АИ (креаторот на Чет ЏПТ), Кларна, Заландо, Виза, но и претставници од едни од најуспешните регионални бизниси ќе бидат дел од најавената програма кои преку предавања, панел дискусии и разговори ќе ги пренесат своите експертизи и искуства од областа на е-трговијата, вештачката интелигенција, дигитализацијата и дигиталниот маркетинг.

На конференцијата најавено е присуство на повеќе од 700 гости – успешни претприемачи, е-трговци, директори и менаџери на компании и владини и невладини претставници од земјава, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора, Хрватска, Грција и Бугарија.

Како дел од програмата ќе бидат презентирани клучните сознанија од анализата со наслов „Преглед на Е-трговијата во Западен Балкан, 2024 година”, ќе се зборува и за предизвиците на е-трговците поврзани со доставата, можностите за е-плаќање, прекуграничнот и меѓународен раст на бизнисите, и за маркетингот и вештачката интелегенција во е-трговијата.

Како што е најавено, пред присутните ќе се обратат министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, германската амбасадорка Петра Дрекслер, Мариа Канелопулу од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија и претседателката на Асоцијацијата за е-трговија Нина Ангеловска Станков.