Македонски камионџија слета кај Кутина

Македонски камионџија на возраст од 30 години и совозачка, чиј идентитет не се соопштува, за влакно и побегнаа на смртта во несреќа што се случи во понеделникот околу 16 часот во близина на хрватскиот град Кутина. Тие во последен момент успеале да ја отворат вратата од кабината, по што завршиле во смрзнатата река Пакра, пишуваат хрватските медиуми.

„Поголем проблем на службите им претставуваше приколката, која беше наполнета со вештачки гној. Помал дел од гнојот се разлеал во приколката, но не и на патот и во реката. Гнојот е префрлен во друг камион. Пробиената ограда ќе биде променета“, пишуваат загрепските весници.