Македонската дијаспора „стопена“ од бојкотот
Големата разлика во процентот на Македонците и на Албанците во вкупното население, по сѐ изгледа, е штетата што ја направија повиците на бојкот од неодговорните партии во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и Левица.
Според податоците од пописот испаѓа дека Албанци од Македонија што живеат во странство има речиси тројно повеќе отколку Македонци – односно попишани се 172.942 Албанци, а само 63.731 иселеници Македонци. Бојкотот очигледно влијаеше процентот на Македонци во вкупното население да се сведе на 54,2 отсто, а Албанците да стигнат до рекордни 29,52 отсто.