„Македонијо, подготви се за спектакл каков што не си видела“: Џејсон Деруло пред концертот во Охрид (видео)


Македонската публика со нетрпение го очекува концертот на светската мегаѕвезда Џејсон Деруло на 2 август, на „Билјанини извори“ во Охрид, во организација на „Прагма продукција“.  а токму пред ова историско шоу, екипата на Бекстејџ направи ексклузивно интервју со него!

Во ексклузивното интервју за „Бекстејџ“, Деруло откри што подготвува за македонската публика:

„Ова ќе ми биде првпат во Македонија, но се надевам дека нема да биде последен. На 2 август ќе се случи најголемата забава на светот. Тоа ќе биде спектакл и луда авантура. Ја испраќам цела моја љубов до сите. Македонијо, подготви се за спектакл каков што не си видела“.