Македонија Светското во ракомет ќе го игра во Вараждин


Денеска во Загреб се одржува ждрепката за Светското првенство во ракомет што од 12 јануари до 2 февруари 2025 година ќе се игра во Норвешка, Данска и Хрватска.

Македонија ќе игра во Групата Д против Гвинеја, Холандија и Унгарија. Се оствари и желбата на Македонците, нашата репрезентација да игра во Хрватска, што значи ќе има силна подрршка од навивачите.

Извлекувањето се одржува во концертната сала „Ватрослав Лисински“. Церемонијата започна во 19:30 часот, а самото извлекување започна околу 20 часот. Преносот можете да го следите на RTL и на каналот на IHF на YouTube.