Македонија старее, за десет години исчезнале 150.000 млади


Младите во Македонија , според последните истражувања, покажуваат апатичност, незаинтересираност, а последните години и безнадежност, што е уште позагрижувачки, открива Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи , кој спроведе проект на тема  „Што сакаат младите – професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“. истражувањето на .

Според овој проект,  само 13% од младите сметаат дека земјата се движи во правилна
насока, а 55% – дека оди во погрешна. Според истото истражување само 3 од 10 млади сметаат дека за 5 години од денес државата ќе биде многу или делумно подобро место за живеење на
младите, а во случај да имаат можност, речиси 6 од 10 млади луѓе би се иселиле од државата.  Според анализата, ова зборува доволно со какви трендови и сериозни предизвици, во делот на потребата од работна сила, би се соочиле како земја во следната деценија.

Околу другата тема, што сакаат и што да очекуваат младите при планирањето на своите кариери и идни професии, се наведува податокот дека стапката на невработени млади (15-24 години) во земјава во третиот квартал минатата година изнесувлаа 19.587 или 17% од вкупниот број на невработени лица вбројани во активно население. Во исто време, стапката  на слободни работни места, според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2022 година била 2.07 %. Најголем број слободни работни места, односно 3.459, имало во групата на занимања – работници во услужни дејности и продажба, или едноставно кажано продавачи, келнери, готвачи…

Од друга страна, според последните достапни податоци на Евростат д 2020 година младинската невработеност (15-29 години) во Македонија изнесува 29,6%. Според
податоците од Агенцијата за вработување, заклучно со ноември лани,  регистрирани се 9.324 невработени лица на возраст од 20 до 24 години, 10.354 на возраст од 25 до
29 години и 2.052 на возраст од 15-20 години, или кумулативно, на возраст од 15 до 29 години,
евидентирани се вкупно 21.730 лица, додека бројот на невработени на возраст од 15 до 34 години изнесува вкупно 32.451 лица, што е бројка на активно население кое бара работа, а кое е во години погодни за преквалификација и  доквалификација, отворање на сопствени бизниси и други типови на поддршка од страна на државата.

Но, пописните резултати укажуваат на многу јасен тренд на мигрирање
на младите во изминатите 20 години. Од 2002 до 2021 година, вкупниот број на млади на
возраст од 15 до 29 години е намален за 150. 000 (2001 бројот на млади на возраст
19-29 години бил 480.828 или 24% од вкупното население), додека 2021 година тој број е  326.733 ( 18 0тсто од  вкупниот број на населението). Ваквиот тренд укажува на тоа дека населението во земјава старее.

Загрижува и добро познатиот тренд на заминување на младите (brain drain), при што  според пописот од 2021 година околу 100.000 граѓани, кои во 2002 година биле на возраст од 15 до 29 години, а денес би имале 29 до 35 години, не живеат во државата. 

Што се однесува до профилот на вработувања, младите на возраст од 15-24 години најмногу се
вработени со средно квалификуваните занимања (речиси 70% од вкупната вработеност
на младите за годината 2019). Последните десет години, понудата на вработувања со високо образование значително е зголемена што логично доведува и до значителни промена во образовните категории како кај вработените, така и кај невработените млади. Процентот на лица на возраст од 30 до 34 години кои се стекнале со универзитетска диплома од 14,3% во
2009 година се удвоил на 35,7% во 2019 година како резултат на либерализираните уписи и понуда на универзитетско образование. Но, и покрај позитивните трендови во делот
на статистиката во вклученоста на населението во образовниот процес, квалитетот на образованието според мерењата на Програмата за меѓународно оценување на учениците
(ПИСА) – е низок и недоволно квалитетен.