Македонија меѓу земјите со висока стапка на затвореници, Турција „шампион“

Петнаесет затворски управи во Европа пријавиле дека имаат повеќе затвореници - отколку расположиви места


На 31 јануари 2024 година, во 51-те затворски управи на земјите-членки на Советот на Европа имало 1.021.431 затвореници, што претставува средна стапка на затворска популација од 105 затвореници на 100.000 жители низ целиот континент.

Земајќи ги предвид затворските управи од земји со население над еден милион жители кои доставиле податоци и за 2023 и за 2024 година, средната стапка на затворска популација во Европа малку се намалила, од 116,2 на 115,1 затвореници на 100.000 жители (-0,9%). Земјите со највисоки стапки на затворање беа Турција (356 затвореници на 100.000 жители), Азербејџан (264), Грузија (261), Република Молдавија (235), Полска (202), Унгарија (195), Албанија (192), Чешка (180), Словачка (179), Србија (177), Латвија (175) и Црна Гора (164). Други земји со високи стапки на затворање беа Литванија (158), Велика Британија (Англија и Велс) (145) и Северна Македонија (143).

Тринаесет затворски управи доживеаја значително зголемување на стапките на затворска популација од јануари 2023 до јануари 2024 година, во земји со над 500.000 жители: Словенија (+25,4%), Шведска (+15,5%), Малта (+11,1%), Србија (+9,4%), Хрватска (+8,3%), Азербејџан (+8,3%), Италија (+7,8%), Албанија (+7,5%), Велика Британија (Северна Ирска) (+6,9%), Белгија (+6,8%), Велика Британија (Шкотска (+6,7%), Велика Британија (Англија и Велс) (+6,4%) и Ирска (+5,4%). Стапките на затворање значително се намалија само во Бугарија (-14,5%), Луксембург (-14,5%), Турција (-12,9%), Естонија (-12%), Литванија (-9,4%) и Унгарија (-7,3%).

Во другите 24 затворски управи, стапките на затворска популација останаа стабилни (со мали зголемувања или намалувања): Швајцарија (+5%), Франција (+5%), Ерменија (+4,3%), Полска (4%), Финска (+3,7%), Романија. (+3,6%), Германија (+3,4%), Холандија (+3%), Каталонија (Шпанија) (+2,4%), Чешка (+2%), Латвија (+1,9%), Грузија (+1,8%), Австрија (+1,3%), Државна администрација на Шпанија (+0,5%), Северна Македонија (+0,2%), Украина (+0,1%), Норвешка (-1,9%), Словачка (-2,1%), Црна Гора (-2,4%), Грција (-2,5%, Република Молдавија (-2,9%), Данска (-2,9%), Португалија (-3,1%), Кипар (-4,2%).

Густина на затворите – пренатрупаност

Севкупно, во Европа, бројот на затвореници на 100 расположиви места се зголеми од 93,5 на 94,9 од 31 јануари 2023 до 31 јануари 2024 година, со значителни разлики меѓу земјите. Во земјите со над 500.000 жители, петнаесет затворски управи пријавија дека имаат повеќе затвореници отколку расположиви места. Шест затворски управи пријавија сериозна пренатрупаност: Словенија (134 затвореници на 100 места), Кипар (132), Франција (124), Италија (118), Романија (116) и Белгија (113). Уште седум осум затворски администрации пријавија умерена пренатрупаност: Хрватска (110), Ирска (105), Шведска (105), Унгарија (104), Азербејџан (103), Финска (103), Турција (102) и Северна Македонија (101). Покрај тоа, затворските администрации на Шкотска (100,3) и Англија и Велс (98,3) (Велика Британија), како и Србија (97,9), работеа со или близу до полн капацитет, каде што малите флуктуации во приемот во затворите би можеле да ги свртат нивните системи кон пренатрупаност.

Странци

Вкупно, во Европа, 16% од затворениците во европските затвори беа лица кои не се државјани. Затворските администрации со највисок процент на странски државјани беа Луксембург (75%), Швајцарија (72%), Кипар (58%), Грција (54%), Австрија (53%), Малта (52%), Каталонија (Шпанија) (50%), Германија (49%), Словенија (48%) и Белгија (41%), во земји со над 500.000 жители. 

Притвореници

На 31 јануари 2024 година, 26% од сите затвореници во европските затвори биле во притвор. Затворските администрации со највисок процент на притвореници биле Албанија (58%), Ерменија (53%), Црна Гора (47%), Луксембург (47%), Швајцарија (46%), Холандија (46%), Малта (42%), Хрватска (41%), Словенија (40%), Северна Ирска (Велика Британија) (39%), Украина (37%), Данска (36%) и Белгија (33%). Бугарија (5%), Чешка (8%), Полска (11%), Литванија (12%), Северна Македонија (12%) и Романија (13%) имале најнизок процент на притвореници.