Македонија ја претрка Бугарија по бројот на вакцинирани


Табела на вакцинираните во регионот со една доза

Иако почна со четири месеци задоцнување во однос на земјите на Европската унија, брзиот ритам на вакцинирањето ја стави Македонија пред Бугарија во однос на бројот на вакцинираните по жител и по примена една доза и по вакцинираните со две дози. Според платформата Our World in Data четири држави од Западен Балкан – Србија, Албанија, Македонија и Црна Гора се пред Бугарија по стапката на вакцинирани.

Според последните споредбени податоци од 19 јули во Бугарија имало вакцинирани со една доза 15 отсто, а во Македонија 22,2 отсто. Според податоците од истиот датум во Македонија целосно вакцинирани биле 13,7, а во Бугарија 12,9 проценти од граѓаните.

Во неколкуте изминати денови во македонија дури имаше и рекродни бројки на дневни вакцинации па оваа стапка во однос на Бугарија е зголемена.

Бугарија е последна во ЕУ според процентот на вакцинираните лица. Според пишувањето на тамошните медиуми, ова се должи и поради силното антиваксерско расположение, но и лошата орагизација на имунизацијата на населението.

Вакцинирани со две дози