Македонија целата беше во минус ова утро


Фото: Б. Грданоски

 

Целата држава утрово беше зафатена од минусни температура поради ведрото време и пробивот на студена воздушна маса.

Најниска темепература од -11 степени Целзиусови е измерена во Берово, соопшти УХМР. Следат со -7 степени  Скопје-Петровец, Битола, Маврови Анови и Попова Шапка, -6 во Тетово, Крива Паланка, Прилеп, Штип, Демир Капија, Струмица и Велес, -5 во Скопје-Зајчев Рид, Крушево, Претор и Кавадарци и -4 степени во Охрид, Виница и Гевгелија.

Висината на снежната покривка изнесува 30 см на Попова Шапка и 13 см во Маврови Анови.

Сонцето ќе ја зголеми дневната температура и таа ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.

Во Скопје максималната температура ќе достигне до 9 степени.