„Мајкрософт“ со рекорден квартален профит од над 20 милијарди долари, приходите се зголемија за 22 отсто


За првпат досега, американскиот технолошки гигант „Мајкрософт“ оствари квартален профит од над 20 милијарди долари, а истовремено приходите на компанијата се зголемија за 22 отсто, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите.
Нето добивката на Мајкрософт во кварталот јули-септември, односно во првиот квартал од фискалната година на компанијата, изнесува 20,5 милијарди долари, што е за 4,0 милијарди долари над рекордната добивка забележана во претходниот период, пишува Маркетвоч.
Прилагодената заработка по акција беше 2,27 долари, додека аналитичарите анкетирани од компанијата за собирање и обработка на финансиски податоци, Refinitiv, предвидоа дека ќе биде 2,07 долари по акција.
„Мајкрософт“ во извештајот забележа дека околу 3,3 милијарди долари од неговата добивка е резултат на еднократниот прилив врз основа на олеснување на данокот на доход добиен од трансферот на нематеријални производи, но додаде дека заработката без таа придобивка ќе биде 2,27 долари по акција.
Вкупниот приход на компанијата порасна за речиси 22 отсто, од минатогодишните 37,15 милијарди долари на 45,32 милијарди долари во набљудуваниот квартал, а аналитичарите предвидуваа дека ќе изнесуваат 43,97 милијарди долари.
Тоа е највисоката стапка на раст на приходите од 2018 година. Во претходниот квартал приходите забележаа пораст од 21 процент.
Акциите на компанијата зајакнаа за повеќе од 1,0 отсто во тргувањето по работното време на Волстрит. Претходно отсто на затворањето на дневното тргување беа плус 0,6 отсто, на 310,11 долари, што е блиску до рекордот од 310,76 долари што беше забележан минатата недела.