Мајката на грабнатата Шани Лук: „Ќерка ми е мртва“


 

Мајката на 22-годишната германска државјанка Шани Лук, која беше киднапирана од милитантите на Хамас, рече дека нејзината ќерка најверојатно е мртва, објавија РТЛ и НТВ.

„За жал, вчера добивме вест дека мојата ќерка повеќе не е жива“, рече Рикарда Лук.

Телевизиските канали забележаа дека сè уште нема официјална потврда за смртта на Шани Лук. НТВ пишува дека израелската војска ја пријавила смртта на ќерката на РикардaЛук.

Претходно Рикарда Лук изјави дека нејзината ќерка е хоспитализирана во болница во Појасот Газа со тешка повреда на главата откако беше грабната од Хамас при нападот на музичкиот фестивал во пустината на југот од Израел. Лук ги повика и германските власти да направат сѐ што е можно за итна евакуација на нејзината ќерка од Појасот Газа.