Магична ноќ со Лорин на Евросонг (фотогалерија + видео)


Малме –  Десертот се чува за крај. Тоа, синоќа, во една од паузите на големото финале на 68. Евросонг, во Малме Арената, беше магичниот настап со двократната победничка на престижниот музички натпревар, Лорин од Шведска. 

Лорин синоќа настапи со Forever и Tattoo на спектакуларна сцена, како во тропска шума. 

Лорин победи во 2023 година во Ливерпул со песната „Тетоважа“ и во 2012 година во Баку со хитот „Еуфорија“. Покрај Џони Логан е единствениот учесник на Евровизија со две победи на ова натпреварување.

Со фотографии ви го споделуваме магичниот настап на Лорин на 68. Евросонг. (Фото: ЕБУ)