М6 станува дел од глобалната иницијатива за среќа на работно место
Преку организација на настанот „Среќен тим, успешен бизнис: Моќта на здрава работна средина“, М6 едукативен центар го најави своето приклучување кон глобалната иницијатива за промоција на среќата и благосостојбата на работното место. Овој настан е посветен на важноста на среќата и благосостојбата на работното место, што е клучен фактор за успехот на секоја компанија во денешното динамично опкружување.
Настанот ќе се одржи 21 и 22 ноември во просториите на М6 едукативен центар Скопје, а во програмата која трае два дена, преку бројни панели и работилници кои ќе помогнат да се подобри продуктивноста на вработените како и да се намали одливот на работната сила во земјата. Настанот не само што има за цел да информира, туку и да инспирира промени во начинот на кој компаниите и вработените го треба да размислуваат и да делуваат со цел да се подобри целокупното чувство на задоволство во работата како основа за нивниот успех.
Ова е прв настан од ваков тип во земјата и има за цел да даде поддршка на македонските компании да ја разберат важноста на создавањето здрава работна средина за вработените што е клучен фактор за успехот на секоја компанија во денешното динамично опкружување, а вработените да се спознаат себе, да се надградуваат и да промовираат поддржувачка и инспиративна средина, каде секој може да се чувствува ценето, мотивирано и спремно за нови предизвици.
Учесниците ќе можат да дознаат повеќе за најдобрите практики од земјава и светот од 35 врвни експерти кои ги применуваат компаниите со цел да ги мотивираат вработените и им овозможуваат за постигнување на среќа и задоволство на работното место и ќе имаат можност за учество на 13 работилници за управување со стресот, mindfulness техники, НЛП, стратегии за личен и професионален развој.
М6 постои 17 години и претставува вистинска поддршка за развој на бизнис секторот и последните години прерасна во центар во кој се вмрежуваат и младите, невладиниот сектор и универзитетите. М6 Едукативен центар, во својата мисија за позитивна трансформација на индивидуите, компаниите и општеството преку платформата ЧЕКОР НАПРЕД редовно иницира и разработува теми и нуди решенија за битни прашања кои ги засегаат граѓаните и организациите во државата.