Лудница во Лигата на шампиони. Голманот на Бенфика му даде гол на Реал во 98. минута за пласман во нокаут фазата
Бенфика го победи Реал Мадрид со 4:2 во осмото коло од Лигата на шампионите, што им овозможи на двете екипи да влезат во нокаут фазата од натпреварувањето. Натпреварот кој Реал го заврши со два црвени картони ќе остане запаметен по необичниот момент на самиот крај.
UNREAL SCENES OUT OF BENFICA! ON THE LAST PLAY OF THE DAY ANATOLIY TRUBIN, THE GOALKEEPER, COMES UP AND GETS THE GOAL TO PUT BENFICA IN THE TOP 24!!! 😱😱😱
BEFORE THAT MOMENT THEY WERE ABOUT TO BE ELIMINATED!!
MOURINHO MAGIC 🪄 pic.twitter.com/esHkwFEWGq
— ESPN FC (@ESPNFC) January 28, 2026
Моментот на вечерта се случи во осмата минута од судиското надополнување. Бенфика водеше со 3:2 и беше на чекор до победа, но во тој момент поради помалиот број постигнати голови од Марсеј беше елиминирана од Лигата на шампионите. Тогаш голманот на Бенфика, Анатолиј Трубин по прекинот тргна во напад и со глава ги постави конечните 4:2 и на тој начин го донесе преминот на својот тим во следната фаза од натпреварувањето.
Украинскиот голман стана само петтиот голман кој постигнал гол во Лигата на шампионите по Ханс Јорг Бат (3), Синан Болат, Винсент Енјеама и Иван Проведел.
Лигашката фаза од Лигата на шампионите заврши со спектакуларно во последно коло во кое се одиграа 18 натпревари во исто време.
Клубовите пласирани од 1. до 8. место во обединетото рангирање влегоа директно во осминафиналето. Оние кои завршија од 9. до 24. место ќе играат меѓу себе во плеј-оф за влез во осминафиналето.
Директно во осминафиналето се пласираа Арсенал, Баерн, Ливерпул, Тотенхем, Барселона, Челзи, Спортинг и Манчестер Сити.
Во плеј-офот играат: Реал Мадрид, Интер, ПСЖ, Њукасл, Јувентус, Атлетико Мадрид, Аталанта, Баер Леверкузен, Борусија Дортмунд, Олимпијакос, Клуб Бриж, Галатасарај, Монако, Карабаг, Бодо/Глимт и Бенфика.
Резултати од последното коло
Ајакс – Олимпијакос 1:2
Арсенал – Каират 3:2
Монако – Јувентус 0:0
Билбао – Спортинг 2:3
Атлетико Мадрид – Бодо/Глимт 1:2
Барселона – Копенхаген 4:2
Леверкузен – Виљареал 3:0
Бенфика – Реал Мадрид 3:2
Борусија Дортмунд – Интер 0:2
Клуб Бриж – Марсеј 3:0
Ајнтрахт Франкфурт – Тотенхем 0:2
Ливерпул – Карабаг 6:0
Манчестер Сити – Галатасарај 2:0
Наполи – Челзи 2:3
Пафос – Славија Прага 4:1
ПСЖ – Њукасл 1:1
ПСВ – Баерн 1:2
Унион СГ – Аталанта 1:0
Конечна табела: