Локализиран пожарот што ја зафати кулата на готската катедрала во францускиот град Руан


 Големиот пожар што денеска избувна во кулата на готската катедрала во францускиот град Руан е локализиран, а повредени нема, соопшти кацеларијата на градоначалникот.

Во соопштението се наведува дека засега не е позната причината за пожарот, пренесе БФМТВ.

Пожарот најпрво избувнал на платформата за реконструкција на кулата, на висина од околу 120 метри, јавуваат француските медиуми.