Лога ја обвини заменичката за правда за лажен исказ
Министерот за правда, Кренар Лога е дециден дека измените на Кривичниот законик не ги поготвувала работната група составена од академици, обвинители, судии, туку дека ги подготвувала неговата заменичка Викторија Аврамовска Мадиќ. Според Лога одговорноста е на пратениците кои ги изгласале овие измени, а заменичката ги потпишала додека тој бил во странство.
За одговорот кој беше лиферуван во медиумите кој бил добиен по слободен пристап до информации од Министерството за правда, во којшто беше наведено дека работната група ги изготвила измените, Лога вели дека дал налог веднаш да се коригира, а доколку не се коригира, најави пријава за лажно давање изјава.
-Работната група не е автор на измените. Ако даваш лажен исказ, има други последици, рече Лога, лично одбивајќи да изнесе став за измените бидејќи, како што рече, сега се дел од нашиот правен систем.
Спорните измени на Кривичниот законик со којшто се ослободуваат голем број на функционери и застаруваат голем број на предмети беа потпишани токму од Мадиќ, па за сите прашања околу ова, Лога ја префрла одговорноста кај неа.