Лога барал од ВМРО-ДПМНЕ да се изјасни за Законот за амнестија пред да го објави во јавноста


Кренар Лога (Фото: Б. Грданоски)
Министерството за правда , по заканите од блокада од страна на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти дека неколку пати испратило дописи до координаторите на политичките партии во Собрание за да се изјаснат за новиот Предлог закон за амнестија.
 
-Барањата се испратени по писмен и електронски пат на 18 и 12 јули, 24 август, 11 и 13 септември.Со предлог законот преку писмен допис е запознат и председателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Од нив e побарано во најкус можен рок да го разгледаат и да се произјаснат за законското решение, давајќи свои забелешки и сугестии. 
 
Укажуваме дека состојбата во затворите е алармантна за што укажуваат и бројните меѓународни ивештаи кои се занимаваат со ова прашање, како и Комитетот против тортура во рамките на Советот на Европа. 
 
Со амнестијата се очекува да бидат опфатени лица кои се осудени на казна затвор до 6 месеци, како и осудените лица на кои им е изречена казна затвор над 6 месеци и  тие  се ослободуваат од издржување на 30% од целокупната казна изречена со правосилна пресуда.. 
 
Ги замолуваме сите политички партии да го поддржат овој хуманитарен чин кој е од интерес за граѓаните и да го изгласаат ова законско решение, стои во соопштението на Мминистерот за правда, Кренар Лога.