Љупчо Николовски најави дека до крајот на годината ќе биде избран изведувачот за пругата Куманово-Крива Паланка


Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, денеска најави дека до крајот на оваа година ќе се избере  изведувач за првите две фази за изградба на пругата Куманово–Бељаковци и Бељаковци-Крива Паланка. Тој рече дека според проектната документација во текот на март следната година почнува изградбата. „Следната година ќе се објави и тендер за избор на изведувач за третата фаза од Крива Паланка-Деве Баир“, рече Николовски.

„Конечно, после речиси 30 години, железничката пруга за поврзување на Северна Македонија и Бугарија станува реалност. Она што со децении беше само празно ветување, оваа Влада го претвори во конкретни, реални и најважно од сѐ – остварливи цели. 30 години се зборуваше ама ние, од СДСМ успеавме да го придвижиме и процесот за изградба на источниот дел на пругата на Коридорот 8, којшто е од стратешко значење на нашата дражава. Овој регион, североисточниот е вратата кон Европа“, рече Николовски.