Ливерпул преговара за нов договор со Ван Дајк


 Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дијк, потврди денеска дека неговиот менаџерски тим е во преговори со клубот од „Енфилд Роуд“ за продолжување на соработката.
„Се водат дискусии, но во моментов не знам многу за тоа. Ќе видиме што ќе се случи“, рече Ван Дајк.
Триесетитригодишниот Ван Дијк пристигна во Ливерпул во 2018 година од Саутемптон и освои сè што е можно со „црвените“ – Премиер лигата, Лигата на шампиони, Лига купот двапати, ФА Купот и Светското клупско првенство.
„Целосно сум фокусиран на натпреварите со Ливерпул и сакам да победувам. Ништо друго не ме интересира во моментов. Се чувствувам многу добро физички и психички, а исто така се забавувам на теренот. Целосно сум посветен на Ливерпул и само сакам да помогнам оваа сезона да биде успешна“, додаде холандскиот дефанзивец.