Листата на чекање за овие крокети е 43 години, но луѓето сепак ги нарачуваат секој ден


„Асахија“, семејна месарница која прави панирани, замрзнати говедски крокети од Коби, има листа на чекање од 43 години.

Се наоѓа во градот Таксаго во западната јапонска префектура Хјого.

Месарницата е основана во 1926 година и продава месо само од својата префектура. Со децении продава говедско месо од Коби, а по Втората светска војна, во понудата се воведени и говедските крокети од Коби.

Сепак, дури во раните 2000-ти овие крокети станаа интернет сензација, што доведе до лудо долга листа на чекање. Новинарите на CNN разговараа за оваа популарност со Шигеру Нита, сегашниот сопственик на месарницата.

Најпопуларен производ на месарницата е „Extreme croquettes“, а покрај нив се нудат уште три вида на крокети со говедско месо од Коби, за кои листата на чекање е значително пократка. се достапни за четири години.

Нита раскажа како ја започнале веб-продавницата во 1999 година. Потоа се одлучиле на храбар потег. Крокетите Extreme ги продавале по цена од 1,56 евра по парче, иако говедското месо во нив чини 2,49 евра.

„Продававме достапни и вкусни крокети за да ја претставиме нашата продавница. Се надевавме дека клиентите ќе уживаат во крокетата толку многу што ќе го купат нашето говедско месо од Коби веднаш штом ќе ја пробаат крокетата за прв пат“, рече тој.

Почетоците беа скромни, месарницата Асахија произведуваше само 200 крокети неделно. Денеска се прават секојдневно, во нив нема конзерванси, па дури и компирите што се користат во нив се од локална фарма. На крајот, овој концепт привлече големо медиумско внимание. Кога во 2000-тите се појавија вестите за крокети, нивната популарност вртоглаво порасна.

„Сакавме да престанеме да продаваме во 2016 година бидејќи листата на чекање порасна на повеќе од 14 години. Размислувавме да ги прекинеме нарачките, но луѓето продолжија да ги нарачуваат“, рече тој. Тие продолжија да примаат нарачки, но цената ја покачија на 3,11 евра по парче. Велат тоа го направиле поради зголемувањето на даноците за производство.

Сега тие произведуваат 200 крокети дневно, а крокетата Extreme сè уште е нивниот најпопуларен производ. Сепак, околу половина од клиентите кои се обидуваат да ги нарачаат крокетите попатно нарачуваат говедско месо од Коби, така што маркетинг планот на Нита донекаде успеал.