Лисиче добива спорско и детско игралиште, а реконструирани ќе бидат и две улици


Населбата Лисиче во Општина Аеродром оваа есен ќе биде опфатена со голема градежна офанзива во чии рамки населбата ќе добие ново современо игралиште за фудбал и кошарка, детско игралиште за најмладите, како и целосна реконструкција на две улици во должина од речиси 2.000 метри.

Истовремено, продолжуваме со решавање на сите постапки и правни процедури за до крајот на нашиот мандат да се реализира Спортскиот центар „Пирин“, како и за почеток на целосна реконструкција на детската градинка „Пчелка 1“, информираат од општината

Овој период се спроведуваат инвестициски активности и на спортското игралиште за фудбал и кошарка кое се наоѓа веднаш до „Пирин“. На ова спортско игралиште се поправаат головите, кошевите и заштитната ограда, а теренот добива нова современа тартан подлога со дебелина од 13 милиметри погодна за сите временски услови, со што ќе се овозможи безбедно спортување за сите генерации. Овој простор ќе биде хортикултурно уреден, со што ова место ќе добие целосно нов лик.

Во рамки на есенската инвестициска офанзива целосно ќе бидат реконструирани коловозот и тротоарите на две улици во населбата Лисиче. Улицата „Мите Богоевски“ ќе се реконструира во вкупна должина од 1.245 метри и „Црноризец Храбар’, во вкупна должина од 600 метри.

Во близина на библиотеката покрај ул. „Мите Богоевски“, најмладите го добиваат првото детско катче во овој дел од населбата.