Лига на нации: Македонија убедлива на гостувањето кај Летонија


 Фудбалската репрезентација на Македонија ја совлада екипата на Летонија на гостувањето со 3:0 (1:0) во дуел од третото коло од Лигата на нациите.

„Жолто-црвените“ остануваат на првата позиција во својата група по оваа победа.

Головите за нашата репрезентација ги постигнаа Атанасов во 35. минута, а резервистот Ќамили во 70. минута го удвои водството. Победата ја запечати Елмас со убав гол во 93. минута. 

Македонија по овој меч има 7 бодови, а по три дена гостува кај Ерменија во Ереван, а натпреварот почнува од 18 часот. Во првиот натпревар помеѓу двете репрезентации во Скопје нашите фудбалери славеа со 2:0.