„Лидл“ во Хрватска заработува повеќе отколку во Велика Британија


 

Две причини го поттикнаа потрошувачкиот во Хрватска, кој потоа се прошири и на другите држави во регионот: брзиот раст на цените во последните три години и огромната разлика во цените на одредени артикли во хрватските продавници во споредба со продавниците од истите синџири во Словенија, Германија, Австрија и Италија. Овие две причини немаат исти извори и нивните последици не можат да се решат со исти алатки, пишува порталот „Телеграм“.

Во текстот се вели дека министерот за економија, Анте Шушњар (од Татковинското движење), останал сам во борбата против инфлацијата. Но, наместо да посегне по алатки за поттикнување на пазарната конкуренција преку активирање на Агенцијата за заштита конкуренција, тој популистички и контрапродуктивно го прошири списокот на артикли со ограничена цена, па дури и го одреди начинот на нивно претставување на полиците и во продавниците.

За тоа колку има разлика во цените во ист синџир продавници и како во Хрватска тие се повисоки, „Телеграм“ го наведува овој пример – операциите на водечкиот европски синџир дисконтен трговец во Хрватска и Обединетото Кралство.

„Лидл Хрватска“ во 2023 година имаше 1,21 милијарди евра вкупен приход и 60,73 милиони евра нето добивка, а „Лидл Британија“ имаше 12,72 милијарди евра вкупен приход и 39,90 милиони евра нето добивка. Зошто стапката на нето добивка во Хрватска е 5,02%, а во Обединетото Кралство 0,31%?

Многу луѓе го знаат одговорот, а не само во „Лидл“. Проблемот е што премиерот Андреј Пленковиќ тоа не го знае или не сака да го знае, пишува „Телеграм“.