„Лидл“ планира револуционерен потег


„Лидл“ ќе издава само електронски сметки за корисниците на апликацијата „Лидл плус“, додека хартиените ќе продолжат да се издаваат на клиенти кои не ја користат програмата за лојалност.

Како што пренесуваат грчките медиуми, Грција во следните две години би можела да стане првата филијала на компанијата која ќе им овозможи на клиентите да купуваат исклучиво од касите за самопослужување.

Купувачите ќе ги вршат своите набавки со помош на вработените, но и со можност купувањето да го платат во готово. Доколку проектот се покаже како успешен, компанијата планира да го претстави и на други пазари, пренесува Ритеил Србија.