„Лидл“ гради логистички центар во Босна и Херцеговина и за Црна Гора
Покрај деловната зона Брестовско, која беше завршена пред неколку години, во општина Кисељак во Босна и Херцеговина, компанијата „Лидл“ одлучи да отвори нова во Азаповиќи, во непосредна близина на Коридорот 5ц.
– „Лидл БиХ“, кој гради сопствен централен магацин и логистички центри за БиХ и Црна Гора, сега е голема инвестиција. Земјиште таму купиле уште три фирми. Тоа се 300-400 нови вработувања, а не замислени, тоа се сигурни, реални вработувања – потенцира градоначалникот на општина Кисељак, Младен Мишуриќ Рамљак, пренесува Фактор.ба.
„Лидл“ моментално е во процес на влез на пазарите во Босна и Херцеговина, Црна Гора и во Македонија.