Либија го забрани Nike поради божицата на победата
Либискиот Дар ал-Ифта – влијателен исламски верски авторитет во земјата – издаде фетва со која им се забранува на муслиманите да купуваат, продаваат или носат облека на која е прикажано логото на Nike.
Во оваа верска одлука, одобрена од големиот муфтија шеик Садик ал-Гарјани, се наведува дека името и логото на Nike се поврзани со хеленскиот политеизам.
Името Nike потекнува од хеленската божица на победата Нике (Νίκη), додека познатото лого на компанијата, во форма на закривена линија, е инспирирано од крилјата на истата божица.
Според хеленската митологија, Нике била ќерка на реката Стикс и титанот Палант, а сестра на Зелус, Крат и Бија. Била една од првите што го поддржале Ѕевс во симнувањето од власт на титаните. Нејзиниот римски еквивалент е божицата Викторија.
Во фетвата се тврди дека истакнувањето на такви симболи е неспоиво со исламскиот монотеизам, а со тоа и верски недозволиво.
Одлуката, исто така, ја обвинува компанијата Nike за поддршка на Израел и повикува на поширок бојкот на компаниите за кои постојат обвинувања дека ја поддржуваат таа земја.