Левица цели на три советнички места во Неготино

Левица и нејзиниот претседател Димитар Апасиев во вторникот попладне о имаа средба со граѓани во Неготино. Пратеникот Сашко Јанчев од ИЕ4 за време на настанот се повика на познатата изрека на Ганди, „Прво те игнорираат, потоа ти се смеат, потоа те напаѓаат, на крај – победуваш“.
„Така е со нас, прво не игнорираа, па ни се смееја, а денес нѐ цензурираат преку нефер игра каде што и самите не може да се рекламираме со наши пари. ДПМНЕ уплашени од нашиот раст, не спречија во можноста за рекламирање на конвенционалните медиуми, но ние не се плашиме и не кукаме, истакна Јанчев.
„Имавме еден член во Советот, а сега одиме на тројца советници до целосна контрола на одлуките за доброто на Неготино“, нагласи Јанчев.
Никола Ламбев, носител на советничка листа, рече дека на овие локални избори, Левица излегува со чиста намера и јасен став. Притоа истакна дека Неготино заслужува локална власт што ќе работи за сите, а не само за одреден дел од граѓаните на Неготино.