Ленче Карпузовска од ЕВН добитник на наградите PRO PR Globe People Achievement Awards


Во Подгорица, во хотелот Хилтон, свечено беа доделени меѓународните награди PRO PR Globe People Achievement Awards, кои собираат истакнати комуникациски експерти од целиот свет. Оваа година беа доделени вкупно 32 добитници од 13 земји, што уште еднаш ја потврди глобалната важност и влијание на оваа престижна професија. Добитничка на наградите PRO PR Globe People Achievement Awards од Северна Македонија е Ленче Карпузовска, менаџерка на комуникации (PR и маркетинг) во ЕВН:.

„Наградата ми е особено драга бидејќи доаѓа од врвни професионалци во светот, кои најдобро ги препознаваат сите невидливи битки и напори зад комуникациската сцена. Ова искуство нема вистинска вредност доколку не се сподели со новите генерации – оние што треба да бидат уште подобри во новиот дигитален комуникациски свет. Наградата ја држам јас, но заслугата е заедничка со мојот тим“ изјави Карпузовска.