Лекот против маларија не може да биде решение за корона вирусот
Лекот против маларија хидроксихлорокин, кој претседателот на САД Доналд Трамп го наведува како можно решение во лекувањето на корона вирусот, не е поефикасен од конвенционалните методи на лечење, покажа истражување спроведено во Кина, наведува Блумберг.
Извештајот е објавен во Кина во Журналот на Универзитетот Џеџијанг, а покажа дека пациентите лечени со тој лек ништо подобро не се бореле против вирусот од оние кои добивале други лекови.
Тестирањето е спроведено на група од 30 луѓе. Од нив 15 кои го добивале тој лек против маларија по две недели 13 биле негативно, а во втората група која не го земала тој лек негативни биле 14.
Блумберг наведува дека хидроксихлоринот применуван со антибиотик во Франција доби на значење врз основа на контроверзна студија спроведена на 40 пациенти.
Во таа студија, лекот им помогнал на 26 пациенти да го победат вирусот, што е потврдено со брис од нос.
Експертите ја критикуваа студијата, нарекувајќи ја интересна и далеку од конечна.
Блумберг потсетува дека претседателот Трамп повеќепати повтори дека е уверен оти тој лек ќе делува.
И потпретседателот Мајк Пенс го препорача лекот и рече дека лекарите може да го даваат иако официјално не е за таа намена. Додаде и дека претседателот оптимистично гледа на лекот.
Стручњаците, вклучително и член на работната група за корона вирусот на Белата куќа, Антонио Фауци, извештаите ги нарекоа недоверливи затоа што се базираат на лично искуство.
Лекот во Њујорк им се дава на многу луѓе во болница и почнуваат обеми испитувања, кои се дел од широките напори да се пронајде што било шт може да делува против болеста, пишува Блумберг.
Во студијата која ја водеа истражувачи од Одделението за инфектологија и имунитет од Шангајскиот клинички центар за јавно здравје, 15 пациенти кои не примиле хидроксихлорокин конвенционално се лекувани.
Тоа вклучува мирување, кислород и антивирусна терапија кои се препорачуваат во кинеските насоки за лекување, како лопинавир и ритонавир, и по потреба антибиотик.
Еден пациент лекуван со антималарик доби тешки симптоми.
Кај четворица пациенти лекот јави дијареа и значи на потенцијално оштетување на црниот дроб, во споредба со тројца пациенти кои се конвенционално лекувани.
Надлежните заклучија дека се потребни додатни студии на поголем број пациенти за во потполност да се истражат ризиците и користа.