Леклер имал искуство кое ни Формула 1 не му го нуди, возел борбен авион „Рафал“


Ѕвездата на Формула 1, Шарл Леклер, имаше можност да ја подигне брзината до незамисливи височини, бидејќи наместо со „Ферарито“ на кое беше навикнат, управуваше со борбен авион Dassault Rafale.

Благодарение на акцијата на француското воздухопловство и локалната ТВ куќа Canal+, тој доживеа неверојатна возбуда додека леташе на небото и на тој начин доживеа задоволство како никогаш досега.

Леклер минатиот викенд славеше на трката за Големата награда на Соединетите Американски Држави, а по тој повод неговото Ферари оствари двоен триумф. Возбудливите денови продолжија во програмата на Канал+ телевизија, која му го овозможи ова незаборавно задоволство.

Самиот Формула 1 возач покажа голема возбуда и беше насмеан откако го заврши својот лет во „Рафал“.

„Каква неверојатна можност добив. Возев таква машина и го споредив чувството на брзина што вообичаено го доживувам во болид на Формула 1. Беше навистина посебно. Останете во тек следната недела за целосното искуство”, изјави бестрашниот Леклер по излегување од Рафал.
Леклер на социјалните мрежи сподели фотографии од неговата авантура на небото. На снимката се гледа и како оди до борбен авион, а потоа лета над океанот во мисија за обука на француските воздухопловни сили.

Кога станува збор за вкупниот пласман на Формула 1 возачите оваа сезона, Леклер е на третото место. Макс Верстапен е лидер со 354 поени, Ландо Норис има 297, а по него е Леклер со 275.