Лекари од Србија пристигнуваат со воен авион во Македонија
Авион на Војската на Србија со четворица лекари и четири медицински техничари полетал кон Македонија за да преземе повредени од несреќата во Кочани, објави Блиц. Според планот, со овој авион треба да бидат преземени 12 пациенти кои ќе бидат префрлени во Воено-медицинската академија (ВМА) и во Клиничкиот центар на Србија.
Двајца пациенти со воени санитетски возила веќе се префрлени на лекување во Воената болница и во Клиничкиот центар во Ниш, а во тек е превезување на три пациенти со санитетски возила и тие ќе бидат сместени на ВМА.
Како што објавува Блиц, заради пружање помош на повредените планирано е во Македонија да останат двајца лекари од ВМА (пластичен хирург и анестезиолог), како и медицински техничар-инструментар.