Лекар во Италија ја убил пријателката бидејќи го заразила со корона вирус


Лекар од болницата во италинскиот град Месина ја убил пријателката бидејќи сметал дека го заразила со корона вирус.

Антонио де Паче (28) и Лорена Куранта (27) работеле во иста болница и живееле заедно.

Полицијата го пронашла телото на жената во нивниот дом, а на подот го нашла Антонио, кој се обидел да се самоубие. Лекарите успеале да го спасат.

Тој признал дека ја убил бидејќи го заразила со корона вирус.

Како што пренесуваат странските медиуми, на двајцата е направен тест за корона вирус, но резултатите не покажувале дека биле заразени.

Неколку дена пред смртта, лекарката на Фејсбук поставила пост во врска со борбата против вирусот.

Сега треба да покажеме поголема одговорност од кога било и љубов кон животот. Треба да покажете почит кон себе, кон своите семејства и кон целата земја. И треба да размислувате за оние што им го посветуваат животот на болните секој ден“, пишува таа, повикувајќи ги луѓето да останат дома.