Лефков очекува СДСМ да ја отфрли иницијативата за референдум

„Во таквото сценарио главна улога треба да одигра Талат Џафери, кој само ќе го спроведе даденото од Ковачевски. Власта знае дека огромно мнозинство од народот кој ќе излезе на референдум ќе гласа за поништување на договорот со Бугарија и затоа бега. Народот ќе излезе на референдум затоа што знае дека договорот со Бугарија е коренот на сите негации на македонскиот јазик, историја, идентитет. Референдум мора да има, затоа што тој е највисока форма на демократија. Апелираме до антимакедонската СДС и Ковачевски, да не се дрзнат да го помножат народот со нула“, рече Лефков.