Ледената плоча на Гренланд најмала досега од 1948 година
Ледената плоча на Гренланд мината година е намалена најмногу во целиот период од почетокот на бележењето на податоци во 1948 година, покажуваат неодамнешните истражувања.
Лондонскиот Индипендент известува дека истражувачите откриле дека големиот пад на површинската маса е предизвикан не само од топлите температури, туку и од одредени атмосферски услови што станале почести како резултат на климатските промени.
„Со децении уништуваме мраз што се формира илјадници години“, вели водачот на студијата Марко Тедеско, истражувач во опсерваторијата за земјиште Ламонт-Доерти на универзитетот Колумбија во Њујорк. Ледената плоча на Гренланд – втор по големина во светот – опфаќа 80 проценти од островот. Минатата година изгуби околу 600 милијарди тони вода, придонесувајќи за зголемување на глобалното ниво на морето за околу 1,5 милиметри, според студијата објавена во списанието „Криосфера“.