Лажни кинески вакцини се продаваат на интернет


Дневниот весник од Италија, „Џорнале“, пишува дека на интернет може да се најдат лажни кинески вакцини по цена од 350 до 1.500 долари и ги предупредуваат Италијанците дека тоа е опасно и забрането.

Директорот на царината Марчеко Минена за весникот „Стампа“ вели дека Италија ја зајакнала контролата на бродовите и авионите, а најмногу електронската трговија.

„Забележавме дека постои опасност од дистрибуција на кинеска вакцина, која не ја произвеле кинески производители и која им е дадена на кинеските граѓани“, наведува Минена.

Генералот на Интерпол Јирген Сток изјави дека вакцината е течно злато на црниот пазар. Бизнис инсајдер пренесува дека на интернет може да се најдат производи кои немаат врска со кинеската вакцина која ја произведе „Синовак“ или „Синопфарм“ и дека цените се и десетпати повисоки од вообичаените во Кина, кои се движат од 30 до 60 долари.

Во многу интервјуа, Италијанецот Џидо Раси, микробиолог кој пред неколку дена го напушти местото директор на ЕМА по девет години, изјави дека приказните за вакцината која функционира 90 отсто или 95 отсто е како некоја обложувалница.

Единствената која, според него, може да даде зелено светло за производство и дистрибуција на вакцина против Ковид-19 е ЕМА, која во последен момент може и да ги блокира досега пронајдените вакцини, како онаа на „Фајзер“, и онаа од „Модерна“, но и другите.

Италијанскиот весник „Панорама“ пишува дека веќе неколку дена во Италија се наоѓа кинеска вакцина против корона и дека е можно да се купи од Кинези во Рим.

Вакцината овде се смета за илегална затоа што не ги поминала тестирањата која ги бара агенцијата ФДА – Американската агенција за храна и лекови и ЕМА – Европската агенција за лекови.

Претседателот на Здружението на лекари на регионот Лацио, Антонио Маџи се обрати до јавноста: „Веќе со недели кружи приказната дека можно е да се купи кинеска вакцина против корона преку интернет или во кинеските квартови, а разговарајќи со пријателите и лекарите добив и потврда. Дури и претставници на Кинезите ми рекоа дека им се обратиле многу Италијанци со желба да купат вакцина. Кинезите кои живеат овде се враќаат да примат втора доза и потоа доаѓаат во Италија каде ни ФДА ни ЕМА официјално не одобриле ни една од понудените вакцини“.

Ги предуреди Италијанците да не купуваат никакви вакцини под името веро (како што се нарекува кинеската вакцина) ниту спутник ( име на руската вакцина) која им се нуди на илегален начин или преку интернет.

Државната царина на Италија во соработка со Интерпол води акција за сузбивање на овој феномен, пишва „Панорама“.