Лажна вест е наводната престрелка во Ченто

Дел од порталите, вечерва шират лажни вести за наводна престрелка во скопската населба Ченто и дури лицитираат со повеќе убиени, соопштија вечерва од Министерството за внатрешни работи.
МВР апелира до граѓаните да не наседнуваат на вакви подметнувања и да не веруваат на лагите кои ги пласираат овие портали туку да се информираат од професионалните медиуми, кои објавуваат проверени информации.
Во Ченто вечерва имаше сообраќајна незгода, а не престрелка, како што беше објавена лажна вест.
Дел од порталите пласираа вест дека има престрелка во Ченто, дека има ранети, но и убиени, а престрелката ја поврзаа и со вчерашното убиство во Бутел.