Лажна дојава за бомба во фабрика во Илинден
Утрово дојава за наводна бомба пристигнала во населбата Илинден, поточно во фабриката „Кромберт и Шуберт“ во скопската Технолошко развојна зона, пишуваат дел од медиумите.
– На 29.10.2024 год. во 08.20 часот во СВР Скопје, вработена во правно лице од н. Илинден во Скопје пријавила дека на службениот меил на правното лице во 6 часот стигнала порака дека во фабриката е поставена експлозивна направа, се вели во соопштението на МВР, од каде не прецизираат за која фабрика се работи.
Како што посочуваат, веднаш биле упатени екипи на СВР Скопје и Единицата за антитероризам и откако биле извршени потребните проверки, не била пронајдена експлозивна направа, односно констатирано е дека станува збор за лажна пријава
Вработените го напуштиле објектот додека траеле проверките.
Констатирано било дека се работи за лажна пријава.