Лавров остварил телефонски разговор со Рубио


Од посетата на Скопје во 2023 година (Фото: Б. Грданоски)

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров остварил телефонски разговор со американскиот државен секретар Марко Рубио, јавија риуските медиуми.

Според руските медиуми, разговорот бил на иницијатива на Вашингтон.

Лавров и Рубио се договориле да одржуваат редовни контакти, вклучително и да подготват за средба меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин.

„Двете страни ја изразија својата заедничка желба за интеракција за итни меѓународни прашања, вклучувајќи го и решавањето на ситуацијата во Украина, ситуацијата во Палестина и на Блискиот Исток во целина, како и други регионални области“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Трамп и Путин разговараа по телефон повеќе од еден час во средата.