„Лавиринт“ – Тамара со нова песна и спот со мама, тато и пола естрада (видео)


Тамара Тодевска ја сними новата песна „Лавиринт“, во која соработува со Игор Џамбазов и Роберт Билбилов. Џамбазов е автор на текстот, а Билбилов на музиката и на аранжманот.

„Оваа песна е напишана пред неколку години, а Тамара веројатно ја чувала за некој вистински момент како овој“, ни рече Џамбазов, кој заедно со Билбилов е автор и на еден од најголемите хитови на Тодевска, „Тажна љубов, среќна песна“.

Спотот е  весел, снимен низ скопските улици, а во него учествува речиси пола домашна естрада. 

Спотот започнува со видеоразговор помеѓу Игор Џамбазов и Тијана Дапчевиќ 

Спотот е во режија и продукција на Зоран Зонде Стојановски, а го снимаше Кристијан Теодоров. Во спотот глумат музичари, продуценти, диџеи, водители, модели, актери, како и пријатели, соработници и дел од семејството на Тамара Тодевска. Започнува со дијалог помеѓу Игор Џамбазов и Тијана Дапчевиќ, сестрата на Тамара.