Лаура Ковеси избрана за главен обвинител на ЕУ
Таа беше единствената кандидатка за функцијата. Претходно, Kовеси го водеше романскиот Директорат за борба против корупција. Нејзиниот избор беше опишан како „фантастичен“ од лидерот на европските зелени, Ска Келер.
„Ова е јасен знак за борба против корупцијата во Европа. Честитки!“, напиша таа на својот профил на Твитер.