Лара влезе во историјата на македонската поп-музика, еве зошто


За првпат во историјата на македонската поп музика се објави серијал од четири песни и четири видео записи, според најсовремени, светски стандарди. Зад овој голем музички проект се потпишува Лара Иванова и како артист и како дел од авторскиот тим.

Само Лага, Ризик, Токсин и Таму Горе се песните кои  се објавија денеска и кои младата пејачка се надева дека ќе остават длабоки траги во македонскиот музички етер.

Публиката од денеска има можност да ужива во нив, на YouTube каналот на Лара Иванова.

Сите песни ги поврзува слична љубовна тематика, со силна емоција, но различен ритам.

За Лара Иванова ова е најголемиот предизвик кој досега го имала во нејзината музичка кариера, но и најголемо остварување како автор. За сето ова особено им се заблагодарува на сите соработници, кои го вложиле секој нивен атом на енергија, љубов и поддршка.

Во тимот за видеопродукцијата се вбројуваат десетина професионалци, односно Били Д., Даниела Радевска, Милан Богдановски, Тоше Данев, Стефан Трпчевски, Филип Димитриевски и Дарко Ѓоргиев. Покровители на овој музички проект се Soloprom, Miniso, Autowelt, Zanov, Owl Mixology, Goldenbarrel Poolbar, Dress Code и Brainster.

Автори и продуценти на песните се Дарко Димитров, Роберт Билбилов, Лазар Цветковски, Панче Касапски и Робин Зимбаков.