Лани 77 пријави за семејно насилство во Ѓорче Петров, расте насилството кон жените


Локалната самоупрва на Ѓорче Петров вчера ја одржа првата трибина за превенција од семејно насилство во соработка со Националниот совет за родова рамноправност, претставници на Општината, основните училишта, градинката Росица, ПСОН Ѓорче Петров и членови на Советот.

– Целта е промоција и унапредување на родовата еднаквост и различноста на локално ниво, како и подобрување на условите и пристапот до сервисите на ранливите групи, посебно на жените жртви, информира градоначалникот Александар Стојкоски. 

Во 2021 година, според податоците од полицијата, 92 лица поднеле пријави за семејно насилство. Ланската година бројот е намален на 77 лица, но забележано е зголемување на насилството кон децата. Никој, особено децата, не смее да биде жртва на друго лице, без разлика дали тоа е физичко или психичко малтретирање. Мораме и должни сме да преземеме чекори, додава првиот човек на општината. 

– 141 700 е бројот за бесплатно советувалиште за жртвите од семејно насилство.

-Со потпишувањето на меморандумот за соработка со националниот совет за родова рамноправност, услугите на советувалиштето се достапни и бесплатни за жителите, а во иднина ќе работиме на создавање услови за локално советувалиште. Ова е еден наш придонес во борбата против оваа зачестена појава која е во пораст, вели Стојковски и додава дека општина Ѓорче Петров и натаму ќе продолжи со организација на вакви настани со цел превенција и навремено интервенирање против семејното насилство.