„Лајка мобајл“ стана дел од МТЕЛ


Фото: Б. Грданоски

Телекомуникацискиот оператор МТЕЛ, членка на Групацијата Телеком Србија, денеска соопшти дека успешно го заврши процесот на аквизиција на „Лајка мобајл“ (Lyca Mobile), што означува „значаен момент во посветеност на компанијата за проширување на своите услуги и збогатување на искуствата на корисниците во Македонија“.

„Станува збор за аквизиција која што е дел од нашите стратешки планови за раст и развој на македонскиот телекомуникациски пазар“, вели генералниот директор на МТЕЛ, Марко Лопичиќ.

Со овој договор, кон МТЕЛ семејството се придружуваат близу 60 илјади корисници, се вели во соопштенито до медиумите. 

Миграцијата на корисниците ќе се врши во фази за да се обезбеди непречена транзиција, се додава во соопштението.