Лајен: Ситуацијата со корона вирусот станува сè позагрижувачка


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен оцени дека ситуацијата станува сè позагрижувачка во однос на кризата предизвикана од корона вирусот.

– Неопходна е силна акција, а најповажни се координацијата и дисциплината, рече Фон дер Лајен.

Пристигнувајќи на самитот на лидерите на ЕУ, Урсула фон дер Лајен рече дека е потребно да се постигне договор меѓу земјите-членки за времетраењето на карантинот и за потребата од тестирање.

Таа додаде дека ЕУ се движи во вистинска насока кога станува збор за набавка на вакцини и дека Стратегијата за вакцинација е усвоена денеска.

– Ние сакаме земјите-членки да бидат подготвени за моментот кога ќе ја имаме вакцината. Логистиката е важна, дистрибуцијата и јасен режим за тоа кој прв ќе се вакцинира, рече Фон дер Лајен.