Лагард: Економијата е на пат кон нормализирање


Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, на Светскиот економски форум во Давос, во рамки на дебатата „Глобални економски перспективи“, изјави дека светската економија ќе биде на пат кон нормализација до крајот на 2023 година.  Таа нагласи дека глобалната потрошувачка повеќе не е силен двигател на економскиот раст како порано.

„Периодот пред 2023 година беше чуден, необичен, тежок за анализа, додека во 2023 година го видовме почетокот на нормализацијата“, рече Лагард, и посочи дека пазарите на трудот се помалку стегнати и дека нивото на заштеди се намалува, но дека потрошувачката не е силна како некогаш.

По две тешки години до 2023 година, светската трговија повторно почна да расте, додека глобалната инфлација се намалува, заклучи Лагард.